Прва жртва од експлозијата во Леверкузен, најмалку 16 повредени

by fokus 14:36
14:36

Во силната експлозија во хемискиот комплекс во Леверкузен, загинало едно лице, а повредени се најмалку 16, од кои четворица потешко. Медиумите јавуваат дека се трага за четворица исчезнати, а пожарот во меѓувреме е локализиран.

Властите издадоа итно предупредување и им наредија на граѓаните да ги затворат сите прозори и врати бидејќи над градот има отровен облак и предупредија дека постои ризик за нова експлозија.
Причината за експлозијата се уште не е позната.

- Advertisements -

(Видео) Експлозија во Леверкузен – ситуацијата е екстремно опасна

Поврзани новости