Олимписко сребро за Македонија

by fokus

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Тој попладнево во финалето во категоријата +80 килограми, загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Рускиот натпреварувач подобро го отвори мечот и се стекна со водство од 2:0 по првата рунда. Рамноправно беше во вторите две минути. Запишани беа по седум поени на двете страни за 9:7 пред стартот на решавачката, трета рунда. На една минута до крајот на борбата Георгиевски губеше со 8:13, недостижно за конечен триумф.

Сепак, и покрај поразот, Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал на Олимпијадите.

Претходно, пред 21 година, на Игрите во Сиднеј, Могамед Ибрагимов освои бронзен медал во борење.

На патот до финалето, првиот роден Македонец кој дојде до олимписки медал ги победи Алба Кастиљо од Куба, Ин Дон од Кореја и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

Поврзани новости