Нови 378 случаи на Ковид-19 и 7 починати

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.560 тестови, а регистрирани се 378 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (378), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 432 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (7), кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.

 

Поврзани новости