460
Цената на новиот барокен изглед на Сити галери во центарот на Скопје се искачи над 1,8 милиони евра, пишува Призма.
Последниот договор на Град Скопје со изведувачот, градежното претпријатие Урбан инвест, е склучен на 14 декември 2016 година, во вредност од 279 илјади евра, во постапка на преговарање без објавен оглас за, како што се наведува “набавка на непредвидени работи“.
Урбан инвест е изведувачот на целиот проект на рефасадирање на Сити галери. Фирмата претходно потпиша договор со Град Скопје во висина од еден и пол милион евра за реконструкција на фасадата , како и договор за дислокација на мониторот на објектот.