Нови 26 заболени од корона вирус, вкупната бројка достигна 285 заразени

by Fokus

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата, информираа од министерството за здравство.

Од таму додаваат дека целосен преглед за состојбата по градови ќе испратат дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се се уште во тек.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјата денеска до 12.00 часот изнесува 285 лица.

Поврзани новости