Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 59, Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино – по 2, Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 393 оздравени пациенти од: Скопје – 123, Битола и Охрид – по 37, Кавадарци – 20, Велес и Крива Паланка – по 19, Прилеп – 15, Кочани – 13, Тетово и Куманово – по 12, Штип и Струга – по 9, Кратово – 7, Ресен, Берово, Делчево и Демир Хисар – по 6, Неготино, Валандово и Радовиш – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица , Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран – по 2, Кичево, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 починати лица од Куманово (75г и 80г), и по едно починато лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.