Убиен градоначалник во Филипини

by Фокус

Вооружени напаѓачи во движење со мотор во Филипини убија еден градоначалник, а друг градоначалник повредија.

Во нападот е убиен и возачот на градоначалниците, а нивниот телохранител е повреден.

Истражителите се обидуваат да ги идентификуваат двајцата вооружени напаѓачи и да ги утврдат нивните мотиви.

Двајцата градоначалници се кандидирале на изборите што треба да се одржат на 9 мај во 2022 година.

Изборите во Филипини беа обележани со крвави судири и обвиненија за измами, посебно во руралните региони.

Поврзани новости