Нови 1.158 позитивни, најмногу во Скопје, Гостивар и Тетово

by fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.256 тестирања, а регистрирани се 1.158 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 353, Гостивар – 216, Тетово – 122 ,Кичево – 71, Струмица – 69, Куманово – 57, Струга – 42, Охрид – 30, Кавадарци – 26, Дебар – 20, Прилеп – 19, Штип – 15, Битола, Велес и Гевгелија – по 13, Кочани и Ресен – по 10, Свети Николе – 9, Кратово – 8, Пробиштип и Македонски Брод – по 6, Богданци – 5, Берово и Виница – по 4, Радовиш и Делчево – по 3, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Неготино, Крива Паланка, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.086.075 тестирања на Ковид 19, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 165.684, бројката на оздравени пациенти е 151.401, на починати е 5.608, а бројот на активни случаи изнесува 8.675.

 

Поврзани новости