Ова што го прави ДИК сега, се прави во текот на ноќта. Експерименти не се прават неколку дена пред избори, коментира поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новакоски на својот Фејсбук профил.
-Ова што го прави ДИК сега,се прави во текот на ноќта. И од најдалечната точка од државава, до Скопје се стигнува за 3 часа. Секое каснење создава простор да не се признаваат резултатите, да се створи недоверба и шпекулации. Експерименти не се прават неколку дена пред избори, пишува Новакоски.
Веб страницата на ДИК не работи од синоќа од 9 часот, во моментите кога граѓаните требаше таму да ги следат изборните резултати од овие парламентарни избори. ДИК уште нема излезено со конечни неофицијални информации за изборните резултати и за поделбата на мандатите на партиите.