ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа добро организирани, загрижувачки прашањата околу Изборниот законик

by Frosina Fakova

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност остава простор за загриженост. Денот на гласање помина мирно и покрај одредени технички предизвици поврзани со известувањето за резултатите, се наведува во прелиминарната оценка за изборите на меѓународниот набљудувачки тим на ОБСЕ/ОДИХР.

Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила.

-Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување избори и ги препознаваме напорите на властите да се прилагодат на новите околности. Сепак, постојат неразјаснети прашања околу Изборниот законик, и процеси кои често доведуваа до политички договори во последен миг. Властите треба да посветат сериозно внимание на овие прашања пред одржување на следите избори, рече шефот на ОДИХР специјалната мисија за проценка на изборите Лаима Андрикиене.

Таа појасни дека прифатлива временска рамка за вакви промени во изборната легислатива, а тоа се однесува и на сите членки на ОБСЕ, би била најмалку една година пред одржување на изборите.

Поврзани новости