Тајни газди од Арапските емирати ортачат со Владата во милионскиот бизнис со Државната видеолотарија на Македонија, пишува НОВАТВ.
Според документите до кои дошол порталот, фирмата Аустриан Касинос Интернешнл ДОО, била формирана десет дена пред затворање на тендерот на којшто се бара потенцијалниот партнер на владата за јавно приватно партнерство.
Иако Владата информираше дека тие ја одбрале најдобрата понуда, според писмениот допис на директорот на Државаната лотарија, на тендерот имало само еден понудувач.
Фирмата која е формирана во ова партнерство пак, Касионос Аустриа Интернешнл ДОО се состои од две други компании. Едната навистина е австриското казино и имаат 35 проценти. Но, другата која е мнозински сопственик е офшор фирма од Дубаи. Во овие две години, како што растел бизнисот така и офшорите се менувале.
Целиот текст прочитајте го тука.