530
НОВА ТВ дојде до мејл, за кои како што пишуваат, е испратен од најблиските соработници на екс прмеиерот Никола Груевски до една национална телевизија, која важи за поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој допис точно до детали се дадени инструкции што треба да се наведе во прилогот, од истиот извор пратено е и тонското парче од Груевски, како и „случајна анкета“ од граѓанин кој ја фали Владата.
Од порталот потоа ги нашле и прилозите изработени по „нарачката“. Станува збор за пуштање во употреба на локален пат во општина Долнени лани на 14 август. Сите провладини медиуми имаат речиси идентичен текст на прилозите за овој настан.