Јакимовски: Зошто Талески е во притвор, а Заев на слобода?

by fokus

Во одбрана на битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска застана и градоначалникот на општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Јакимовски обвинува дека Специјалното јавно обвинителство е„ коалиционен партнер на СДСМ кој прави политички прогон наместо да ја расчистува вистината”.

-Јас само сакам да прашам: Колку пати Зоран Заев во текот на 365 дена може да го повтори кривичното дело поткуп? И како е можно тој да не е притворен, а да се бара куќен притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски? Мене не ми е јасно како тоа Талевски со уште 21 човек, значи 22 лица седнале на маса и се договориле да прават криминал односно да ја оштетуваат општината што јасно покажува уште од самиот старт дека овде имаме една опасна политичка манипулација со далекусежни последици врз правниот систем на Република Македонија, рече Јакимовски во вестите на Канал 5 телевизија.

Поврзани новости