Фирмата за обезбедување Секјурити груп сервисис ќе ја обезбедува ХЕЦ Света Петка – Скопје. Ова е најновиот тендер што СГС го склучи со фирма во државна сопственост, пишува порталот НОВА ТВ во своето последно истражување за агенцијата за обезбедување чија сопсптвеност се поврзува со името на братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.
Како што пишува НОВА ТВ, станува збор за тендер распишан од АД Електрани на Македонија. Фамозната агенција се јавила како единствен понудувач и за една година ќе инкасира 2,830,584 денари или 46,000 евра.
Договорот е склучен на 15 април, а на интернет страната на Бирото за Јавни набавки е објавен на 26 април. Ова е прв тендер што СГС го добила оваа година, а од 2012 досега вкупно победила на вкупно 57 тендери за обезбедување на државни институции.