430
Александар Петрески, довчерашен градоначалник на Охрид избран во два последователни мандати како кандидат на СДСМ, доби нова кривична пријава, овојпат за злоупотреба на службената положба.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој заедно со екс директорот на охридското јавно претпријатие „Билјанини извори“ ги злоупотребила своите овластувања, така што дозволиле противзаконско да се издаде уредено градежно земјиште во центарот на градот на приватен закупец.
Веќе од претходно Петрески, заедно со уште неколку луѓе, се товарат за злосторничко здружување, перење пари, фалсификат во периодот од 2007 до 2013 година, со што, според полицијата, го оштетиле општинскиот буџет за околу 2 милиони евра.