ВМРО-ДПМНЕ реагира на повикот на СДСМ кон државните институции

by Фокус

Откако Фросина Ременски од СДСМ го повика Јавното обвинителство да отвори и да спроведе истрага за наводите за нелегално производство на пасоши, а Министерството за внатрешни работи да соработува наместо да врши притисок, повикано да реагира се почувствува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ прво го повика МВР да реагира, а сега кога МВР отпочна процедура за проверка и утврдување на веродостојноста на фактите, вели оставете ги материјалите, односно МВР и Јанкуловска да не бараат да водат истрагата, туку обвинителството е должно тоа да го прави. Со ова СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација, се вади од кашата во која сама се заплетка и покажува дека е подготвена на се, па дури и со снимки и фотографии кои предизвикуваат потсмев, само за да извлечат некаква политичка корист“, стои во писменото соопштение на владејачката партија.

Од таму потоа додаваат дека веруваат и очекуваат оти надлежните инстутуции ќе ги утврдат фактите и ќе допринесат за расветлување на сите околности околу случајот кој беше посочен.

Поврзани новости