Нова германска влада до Божиќ?

by fokus

По затворањето на избирачките места на денешните парламентарни избори во Германија, лидерите на сите партии кои учествуваа на изборите се собраа на традиционалната телевизиска дебата.

Олаф Шолц, кандидатот на СПД, рече дека владата ќе биде формирана многу скоро и ја посочи подготвеноста за соработка со Зелените на Аналена Бербок.

-Мора да се направи сѐ за да завршиме пред Божик – изјави Шолц.

На исто мислење е и кандидатот за канцелар од редовите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), Армин Лашет, кој е против долги сондирачки разговори пред коалициските преговори.

-Мислам дека за такво нешто немаме време – рече шефот на ЦДУ.

Парламентарните избори во Германија, според прогнозите, донесоа мртва трка на СПД и Унијата, со мала предност на Социјалдемократите.

Поврзани новости