Вучиќ: За нецела година ќе имаме супервакцина против ковид

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на РТВ „Пинк“ рече дека планира да ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, бидејќи, како што истакна, истекуваат шест месеци откако ја примил втората доза.

-Не ми е јасно како луѓето веруваат во глупостите дека тенџериња и лажици може да ви стојат на раце по вакцинацијата. Јас сум апсолутно за вакцинација, луѓето ќе имаат пет вакцини за да изберат. Верувам дека за помалку од една година, ќе ја имаме таа супервакцина што ќе ги покрие сите оние видови на ковид – рече Вучиќ и посочи дека оние што се вакцинирани имаат поголеми шанси да преживеат од ковид.

Поврзани новости