401
САД најавија нов пакет помош од 400 милиони долари за Украина, што вклучува генератори за справување со прекините на електричната енергија предизвикани од руските напади врз енергетската инфраструктура.
Повеќе од 200 генератори се „наменети да ги поддржат потребите за цивилна и воена енергија… за да го олеснат притисокот врз мрежата, изјави бригадниот генерал Пат Рајдер.
Пакетот, исто така, вклучува муниција за напредни системи за воздушна одбрана НАСАМС и прецизни ракетни фрлачи Химарс, митралези и повеќе од 20 милиони парчиња муниција, се наведува во соопштението на Пентагон.
Украина откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година досега има добиено помош во висина од околу 19,7 милијарди долари