501
Нов снежен бран ќе ја зафати Македонија во недела попладне и во понеделник, но тој нема да биде со интензитет како претходниот бран, информираат од Хидрометеролошкиот завод.
Поради тоа, Координативното тело во рамки на Министерството за транспорт и врски денеска оддржа состанок, на кој се разговарало за мерките што треба да ги преземе ЈП „Македонија пат“ во врска со обезбедување соодветна опрема и механизација на критичните патни правци за да се овозможи безбеден и непречен сообраќај на возилата.
Од кризниот штаб апелираат до сите граѓани и институции редовно да ја следат временската прогноза и да се придржуваат кон препораките што ги даваат надлежните институции.