Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, во Кавадарци повторно е регистриран случај на Ковид -19. Станува збор за жена на возраст од 65 години. Таа имала покачена температура и одредени симптоми, по што и бил земен брис.
Во овој момент се чувствувала добро, без симптоми и била на домашно лекување. Од Центар за јавно здравје Кавадарци извршиле епидемиолошка анкета, по што се утврдени лицата со кои жената била во контакт изминатиот период и истите се упатени во домашна изолација во траење од 14 дена.
-Пациентката не знае како се инфицирала, можеби вирусот и бил пренесен од лице без симптоми на болеста, не може да се каже со сигурност. Во изолација се и нејзината ќерка и сопруг, тие засега немаат симптоми. Според изјавата, жената не патувала надвор од Кавадарци, ниту пак имала средби со лица од други општини – ни изјавија од центарот.
Вики Клинчарова