Давитковски: Лицитирањето со датуми не ми се допаѓа и тоа ги нервира граѓаните!

by Fokus

Универзитетскиот професор Борче Давитковски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше за административната подготвеност за изборите, но и за состојбата со корона вирусот во нашата земја.

„Очигледно ДИК чека да престане вонредната состојба, па да продолжи со активностите што сметам дека е голема грешка. Треба час поскоро да земат согласно мерките за однесување во време на пандемија, да ги обучат луѓето, да ги видат просториите и да се фатат со работа. Министерството ги дава списоците на ДИК и таа со решение им кажува кој каде се позиционира. Од ДИК имаат обврска да ја припремат изборната администрација согласно изборниот законик“, истакна Давитковски.

Како што додава тој, надлежните органи морале многу порано да интервенираат, со оглед на тоа дека Чаир, Бутел, Гази Баба и Сарај се општини со најголем број на заразени.

„Доколку спласнуваше пандемијата како што беше пред некој ден, изборите на 5 јули ќе можеа да се спроведат. Но, ова лицитирање со датуми мене не ми се допаѓа и прави нервоза кај граѓаните. Од една страна укинати се вонредните мерки, а се најавува карантин во некои општини. Ние Дебар го ставивме во карантин, бидејќи географски е лесно да го контролираш, но како Чаир, Бутел, Гази Баба или Сарај? Мислам дека повеќе требаше да се мисли порано и надлежните органи да дејствуваат навремено“, изјави професорот Давитковски.

Поврзани новости