Приведени полицајци кои правеле забава во Куклица, интервенирала и ЕБР

by fokus

Околу петнаесетина граѓани, од кои половина биле полицајци, синоќа биле приведени откако и покрај забраната за групирање, правеле забава, во кратовското село Куклица, дознава “Фокус”, од доброупатени извори.

Според нашите информации, полицијата реагирала откако соседи пријавиле дека некој прави забава. На терен излегла полицијата од полициска станица Кратово, но наводно морала да интервенира и единица од ЕБР, бидејќи дел од присутните на забавата давале отпор.

За инцидентот бил информиран и дежурен обвинител, кој постапува по членовите 205 и 206, односно непостапување според здравствени прописи за време на пандемија.

“Фокус” очекува и официјална потврда на случајот од МВР.

Поврзани новости