688
Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Центар Н.С. (33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на улица „Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К. (55), која била ангажирана како нивна дадилка.
А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.