Јанушев го повика Груевски да се врати и да си ја одлежи затворската казна

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во вечерашниот дуел со Дамјан Манчевски на ТВ 24 јавно го повика Никола Груевски да се врати во Македонија и да си ја одлежи затворската казна.

Манчевски го праша Јанушев дали се залагаат Груевски да се врати во Македонија, на што Јанушев одговори:

-Јавно го повикуваме да се врати во државата.

Потоа Манчевски го праша дали се залагаат Груевски да се врати и да си ја одлежи затворската казна, и Јанушев рече „Да, еве јавно го повикуваме“.

Поврзани новости