(Обновено) Нов протест во Ѓорче поради убиството на Анѓел

by lali

Главната улица „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска населба во овие моменти е блокирана од полицијата, а стотина претежно млади но и малолетни момчиња протестираат поради вчерашното убиството на матурантот Анѓел Петковски.

Повеќето од нив носат тренерки со качулки и извикуваат националистички пароли. Сепак, засега ситуацијата е мирна и нема никакви инциденти.

Групата се упати кон куќата на починатиот Анѓел, таму запалија свеќи додека во дворот е семејството на починатото момче. Дел од нив се другари на Анѓел од средното медицинско училиште и сите го извикуваат неговото име.

Пред куќата на Анѓел
Главната улица во Ѓорче Петров
Полициски кордон пред Сарај
Неколку стотини демонстранти се пред полицијата
Полициски кордон пред Сарај
Групата од демонстранти се повлече пред полицискиот кордон

Поврзани новости