Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Заев за клеветата ќе одговара на суд

by Фокус 16:55
16:55

„СДСМ продолжува со нивните манипулации по однос на нивниот неуспешен обид меѓу двата круга да ја изманипулираат јавноста и да извлечат поповолен изборен резултат, што беше препознаено од народот и изостана очекуваната реакција од страна на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потсетуваат дека за оваа клевета премиерот Груевски веќе го тужи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого велат дека бил осомничен за криминал тежок 8 милиони евра.

- Advertisements -

„Секој нареден негов обид е само продолжување со обидите за манипулации на граѓаните,  за што ќе одговара пред суд. Зоран Заев и СДСМ овие чекори ги влечат во ситуација на безидејност како да конкурираат на политичката сцена наспроти ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски„, се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости