614
Главната улица „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска населба во овие моменти е блокирана од полицијата, а стотина претежно млади но и малолетни момчиња протестираат поради вчерашното убиството на матурантот Анѓел Петковски.
Повеќето од нив носат тренерки со качулки и извикуваат националистички пароли. Сепак, засега ситуацијата е мирна и нема никакви инциденти.
Групата се упати кон куќата на починатиот Анѓел, таму запалија свеќи додека во дворот е семејството на починатото момче. Дел од нив се другари на Анѓел од средното медицинско училиште и сите го извикуваат неговото име.