386
Граѓаните денеска во 18 часот повторно ќе излезат пред владата за да го искажат револтот против власта.
– Мирно и достоинствено, како што налагаат околностите, без блиски контакти со полицајците. И покрај случувањата во Куманово, власта смести 9 наши другари во притвор во Шутка и наша обврска е да излеземе во нивна поддршка – велат граѓанските активисти.
По повод, денот на победата над фашизмот граѓаните ќе положат цвеќе пред споменикот на ослободителите на Скопје.