Нов насилен протест во Тирана, полицијата употреби солзавец

by Фокус

Вечерва во Тирана се одржа втриот протест поради убиството на 25-годишнот Клодјан Раша од страна на полицаец, кој спорeд насилството не се разликуваше од вчерашниот.

Протестот почна пред Министертвото за внатрешни работи каде учесниците ја откорнаа железната ограда и почнаа да фрлаат железни шипки и пиротехнички средства врз кордонот полицајци, тврди предмети врз објектот, а истото го правеа и врз објектот на Министертвото за финансии.

„Војна во центарот на Тирана, полицијата за да се заштити себеси и државниот имот користи солзавец и водени топови врз демонстрантиите кои не избираат со што гаѓаат врз полицијата. Извикувајќи: „Долу диктатурата“, „Полицајци фашисти“, тие одзедоа и противпожарно возило, палеа и контејнери“, пренесе Ора њуз телевизија.

Освен повеќето од 800 полициски службеници, мораа да интервенираат и припадниците на специјалните полициски единици.

Поврзани новости