Нотарката Ваневска, кандидатка за наследник на Зврлевски: 16 мажи го водеа Јавното обвинителство, време е работите да се сменат

by fokus

„Досега 16 мажи го водеа Јавното обвинителство, време е работите да се сменат” – вака нотарката Лорија Ваневска во интервју за ТВ 21 ја најавува својата кандидатура за нов државен јавен обвинител. Дека ќе влезат во трката за наследник на Марко Зврлевски најавија неколку познати адвокати.

Ваневска засега е единствената жена. Смета дека обвинителството располага со квалитетен кадар кој треба да се остави да работи без политички притисоци.

„Политиката и политичарите треба да ги тргнат своите раце од третата власт, а тука спаѓа и јавното обвинителство и судовите. Доколку се остават професионалците да го работат она што треба да го работат, значи да го гонат криминалот, да го процесуираат и да го казнуваат, и ако нема мешање од страна на политичарите, во тој случај сметам дека нема да има никаков проблем да се спроведува правдата“, вели Ваневска.

Реформи се неопходни и во обвинителството и во судството, додава Ваневска, и вели дека треба да се суди по закон а не по телефонски повик.

Поврзани новости