Брнабиќ: Македонија мора да го испочитува договорот со Србија за Косово

by fokus

Македонија да го испочитува договорот со Србија и да гласа воздржано за приемот на Косово во УНЕСКО без разлика дали ќе се гласа оваа година или следната, порача премиерката на Србија Ана Брнабиќ во интервју за РТС, а пренесе ПлусИнфо.

Нејзината изјава доаѓа по саботните средби на ниво на шефови на влади на земјите од регионот во Драч каде со македонскиот премиер Зоран Заев ставија точка на случувањата од минатата недела, кога Србија ги повлече комплетно своите дипломати од амбасадата во Скопје.

На новинарско прашање, дали Заев дипломатски избегнал да одговори за Косово, Брнабиќ посочи дека договор веќе постои и тој треба да се почитува.

– Видов што рече. Рече дека веројатно оваа година тоа нема да биде воопшто тема. Дека ќе видиме за следната година. Јас воопшто не би навлегувала во шпекулации дали оваа година ќе биде тоа тема или нема да биде. Важно е ако биде тема сите да се држиме до нашите договори. Како оваа година, така и следната година. Во секој случај мислам дека ќе продолжиме со тој дијалог. Јас верувам во своите регионални партнери така што очекувам да го одржиме зборот – изјави Брнабиќ за РТС.

Поврзани новости