Пратениците од утре се враќаат на работа

by Fokus

Пратениците од утре почнуваат со работа по годишниот одмор што го користеа од 18 овој месец.

За утре е закажана седница на Комисијата за  надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Пленарна седница е закажана за 4 септември, а на која пратениците треба да расправаат за Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија.

Поврзани новости