Заев до Ѓорчев: Неопределените се ежат од помислата Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на власт

by fokus

Премиерот Зоран Заев одговарајќи му на на пратеничко прашање на Влатко Ѓорчев му порача дека ќе ги победат на изборите.

-Меѓу 60 и 120 илјади гласови разлика ќе ве победиме на претстојните парламентарни избори, коалицијата на СДСМ наспроти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, зависно од политиките, четири месеци има до тогаш. Тоа ќе се случи не затоа што сум прогнозер, туку заради вашите политики, заради искрените, чесните, одговорните и храбрите политики на оваа влада, заради слободата и демократијата што ја овозможивме. Ако ги гледате сите тие анкетите и анализи, дури и тие на вашите институти, 100%. Таа огромна група неопределени гласачи се ежи од помислата дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт заради ароганција, дрскост, безобразие, закана. Кому му треба тоа? Луѓето сакаат питомост, кроткост, транспарентност, одговорност, прифаќање вини. Нашите анкети покажуваат дека победуваме, вашите не знам што ви покажуваат. Јас ви покажувам какви ќе бидат резултатите на изборите, рече Заев.

Поврзани новости