Номе Калју ја тресна Шкендија, нема европско лето за тетовци

by fokus

Македонскиот шампион Шкендија доживеа изненадувачка елиминација уште на првата пречка кон групната фаза од Лигата на шампионите.

Иако имаше предност од 0-1 од гостувањето, Шкендија денеска на домашен терен загуби од естонски Номе Калју со 1-2, што беше доволно за елеминација.

Најпрво Номе поведе 0:1 во првиот дел, а потоа Шкендија успеа да израмни од пенал преку Агим Ибраими. Шокот следуваше во последните минути од натпреварот, кога во 90 минута Естонците дојдоа до втор погодок за конечен триумф од 1:2.

Поврзани новости