Жителите од улицата Букурешка во скопско Тафталиџе од синоќа воведоа ноќни стражи за одбарана на паркот од изградба на петкатница.
Граѓаните велат дека организирани се 24/7 и имаат мрежа за известување ако некој повторно проба да го руши паркот.
Тие вчера по петти пат застанаа во одбрана на паркот и ги избркаа багерите и работницит кои беа дојдени да ги постават темелите на новата станбена зграда.
Веднаш после тоа Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, поднесе кривична пријава против непознат сторител за спречување на градежните активности.
Сепак, жителите не се откажуваат од зеленилото. Освен ноќните стражи, тие викендов организираат и целодневна дружба на која ќе порачаат дека „Паркот нема да падне!”.