НСДП се сомнева дека притворот на Талески се спроведува според закон

by fokus

Општинската организација на НСДП од Битола се сомнева и изразува загриженост за тоа дали куќниот притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески се спроведува според закон.

-Со оглед на признанието на осомничениот Владимир Талески дека и покрај мерката куќен притвор тој и понатаму раководи и потпишува документи, а постои опасност осомничениот да не го повтори делото и да влијае на сведоците, сметаме дека со ова признание се фрлаат сериозни сомнежи дали мерката се спроведува и обезбедува согласно Законот за кривична постапка- велат од НСДП.

Битолскиот градоначалник вчера одговарајќи на новинарско прашање потврди  дека потпишува документи и се уште раководи со општината иако е во куќен притвор.

– Се разбира дека потпишувам и освен мерката куќен притвор, јас немам ниту една друга забрана – изјави Талески.

Инаку, градоначалникот денеска доби нови 30 дена куќен притвор. Тој е прв осомничен во случајот „Транспортер”, во кој се терети дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневерил 360 илјади евра.

Поврзани новости