Во текот на ноќта, градежни екипи ги исекоа дрвата зад Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и просторот почнаа да го оградуваат со лимена ограда. Според планот, на 20 декември треба да се стават камен-темелници за изградба на новите објекти на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура, двата во барок.
Ова според Студентскио пленум е навреда за сите студенти и особено е голема иронија со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факлутетите за информатички науки во 21 век
-Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата, изјави Орхан Сулејмани од Студентскиот пленум.