Низ локалите не се шири заразата, смета Филипче

by Fokus

Со укинувањето на полицискиот час и олабавувањето на мерките, се вратија забавите во локалите низ Македонија, секојдневно објавувајќи се фотографии и видеа на социјалните мрежи.

И покрај таквите слики, министерот за здравство, Венко Филипче смета дека ваквата ситуација не може да предизвика ширење на корона вирусот, кое е во значително опаѓање.

„Локалите не се место каде може да се шири заразата, затоа што тие се полни 50 отсто од просторот. Јас верувам дека се почитуваат протоколите и засега состојбата е мирна“, истакна Филипче.

Поврзани новости