Нивната грижа за мерцедесот иста како нивната грижа за Македонија!

by lali

Го видовме она на М! Мерцедесот од 600 000 евра што беше купен во време на неговото владеење, кога народот одеше гол и бос, Груевски си купи скапа играчка да се вози за свој ќеф. Како што му прилега на еден режимски владетел. Кога го гледам скапиот мерцедес, ми ги буди сите оние слики и случаеви што имале потреба да бидат направени со наши пари, а не биле затоа што парите се трошеле за само да се задоволи еден од многуте лични ќефови на тогашниот премиер. Ја памтите сликата на човекот со сладоледот на контакампот, сликата на Тамара, сликите и видеата на голем број луѓе што молат и плачат за донации за лекување? Сликите од штипската болница и сликите од студентските домови? Сите тие се случија во време на она на М. Оставени така.

Она на М е симбол на алчноста, лудоста и удобноста на неговото време. И навистина не знам дали тој мерцедес треба да се продаде и заборави, или треба да се чува, а да го отсликува тогашното време. Мислам дека тој треба да остане изложен и да потсетува и да опоменува никогаш да не се повтори. Може и да го стават во музејот на ВМРО и го преставува 10 годишното ДПМНЕ. Може многу работи.

Сегашната надворешна состојба на мерцедесот е ужасна. Тотално запоставен без соодветна грижа за него. Нешто што комплетно асоцира на Македонија во времето на Груевски и неговата грижа за Македонија. Запоставена, искористена и фрлена во подрум, a притоа потрошени многу, многу пари.

Ама сега сум убеден дека доаѓа ново време, време во кое имаме многу да учиме од големите грешки на Груевски и неговото владеење, грешки кои никако не смеат да се повторат, а ниту заборават затоа што многу скапо не чинеа.

 

Влатко Васиљ

Поврзани новости