Матурантите денеска го полагаа вториот предмет од матурата

by fokus

Повеќе од 15 илјади матуранти денеска го полагаа вториот предмет од државната матура, странски јазик.

Од државниот испитен центар  велат дека во сите училишта тестирањето започнато навреме. Испитниот материјал бил дистрибуиран утрото.

-Приговори  можат да се поднесуваат, за сите три екстерни предмети од државната матура што ги полагаат матурантите. Кога ќе ги објавиме прелиминарните резултати веднаш имаат право да поднесат приговор , ако не се задоволни од оценката. Приговорот чини 1.000 денари. Ако приговорот им биде прифатен средствата ќе му бидат вратени на ученикот, рече Мируше Амети, директорка на државниот испитен центар

Инаку само 26 матуранти полагаа руски јазик  за втор предмет од државната матура, 108 француски  и 197 германски. На 12 Јуни  закажан е испитот по математика за кој се имаат пријавено  2.070 кандидати, а 14 Јуни ќе бидат тестирањата по  екстерните предмети естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Поврзани новости