411
-Неодамнешните изјави на „некои политички фигури“ во Македонија поттикнуваат вештачки поделби и меѓуетничка омраза и им штетат на Македонија и на нејзините евроатлантски перспективи, вели претседателот на Албанија, Бујар Нишани, во интервју за „Еј-би-си Њус“.
Тој вели дека Албанија ја поддржува Платформата на албанските партии, бидејќи таа ќе го осигурала спроведувањето на Охридскиот Рамковен договор, кој, според Нишани, досега не е спроведен во предвидените параметри.
Според Нишани тоа не значи дека Албанија се меша во внатрешните политики на Македонија, туку дека “државата има уставна обврска да ги поддржува и да се интересира за почитувањето на правата и слободите на сите Албанци, без разлика каде живеат.”