Средношколски пленум: Не сме живо топовско месо!

by fokus

Средношколскиот Пленум преку соопштение испратено до јавноста алармира дека средношколци под наредба од училиштата се тераат да ја бојкотираат наставата и да одат на протести. Покрај тоа, од пленумот предупредуваат дека со учениците се манипулира, односно, додека седат на одмор во школските дворови, провладините медиуми ги снимаат и ги прикажуваат дека наводно се на протест.

-Најстрого досега, го осудуваме, вршењето на притисок, ограничување на движењето и слободата на учениците! Почитувани, дозволете да ви разјасниме: НИЕ ДОДЕКА СМЕ НА УЧИЛИШТЕ, НЕ СМЕ ВАША СОПСТВЕНОСТ! Во моментот кога го кренавме нашиот глас против проектот што ја загрозуваше нашата иднина, бевме таблоидно, јавно и транспарентно осудени, заклучувани во училиштата како во поправни домови и тоа беше осудено како начин на кој се узурпира и бесполезно прекинува наставата. Сега по само 2 години истите тие господа, директори, професори, нѐ тераат да се приклучиме кон нешто што нималку го компромитира и тангира нашето битисување во училиштата и училишниот систем. Исто така строго го осудуваме обидот и револтирани сме, на изнесените написи во одредени медиуми кои преку спин и манипулација сакаат да ги претстават учениците кои се на одмор – како се упатуваат на протести во Скопје. Искрено се надеваме дека ваквото пропагандистичко и таблоидно изнесување на вести ќе престане, а средношколците нема да бидат на удар на политички групации. Повикуваме на зрелост и смиреност, а од надлежните институции и ресорното министерство недвосмислена и итна реакција.

Средношколците се да го збогатат своето знаење, да инвестираат во својата иднина и во иднината на цела Македонија, да се спротивстават едногласно кон нешто што го попречува и ограничува тој процес . Средношколците не се „живо топовски месо“ ниту „пиони“, а најмалку пак политичари во оваа земја – стои во соопштението на Пленумот.

Поврзани новости