Најстроги казни за злоупотребата на децата за политички цели, побара обдусманот

by fokus

Народниот правобранител апелира веднаш да престане злоупотребата на средношколците за политички цели. До обдусманот веќе стигнале претставки од родители кои се жалат за злоупотреба на нивните деца во протестите кои деновиве се организираат во повеќе градови.

-Сите инволвирани страни  дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките, и дека  доколку навистина се докаже дека  одредени лица вработени во образовни институции  биле поттикнувачи, за истите ќе бара најстроги казни, затоа што станува збор за деца кои според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита – стои во соопштението од канцеларијата на обдусманот.

Деновиве се појавија информации во јавноста и видеозаписи, на кои може да се види како учениците насила се тераат да излезат во школските дворови, каде ги чекаат провладините медиуми, кои подоцна ги претставуваат како наводно одат на протести.

На ова реагираа и од Средношколскиот пленум, од каде ги повикаа надлежните институции под итно да реагираат на ваквите притисоци на учениците. „Не сме живо топовско месо”, порачаа од пленумот.

Поврзани новости