,,Фокус“, стапи во контакт со Нина Маџиров, ќерка на музичарот за да се информираме за неговата здравствена состојба по несреќата.
,,Не можам да давам никакви информации. Ова се тешки моменти за целата фамилија. Се молиме за најдоброто!“ – ни изјави Нина.
На нашето прашање, која е всушност вистината, бидејќи во некои медиуми беше објавено дека Зоран се наоѓа во животно загрозувачка состојба, додека пак во други дека состојбата му е добра, таа кратко ни одговори:
,,Не можам ништо да кажам во моментов. Ви благодарам за разбирањето“.
Маџиров е роден во музичко семејство, и првите знаења од светот на музиката ги добил од својот татко. Студирал во Германија и има многу настапи зад себе. Публиката секогаш ја воодушевувал со своите виртуозни изведби на необични инструменти, а поради уникатното свирење на шишиња и чаши, го доби прекарот ,,Човекот со шишиња“.
Инаку, Зоран е роден брат на легендарниот актер Игор Маџиров, познат како детето со црвена коса, кој што почина пред 16 години, на триесетгодишна возраст, кога во нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балкон во Скопје.
Вики Клинларова