Министерот за надворешни работи на Грција во четврток ќе дојде во Македонија. Неофицијално, тој доаѓа на покана на неговиот македонски колега Никола Попоски, а ќе се обрати на Амбасадорскиот совет во Министерството за надворешни работи пред шефовите на дипломатско-конзуларните преставништва на Македонија.
Освен обраќањето, Коѕиас ќе остави и средба со македонскиот министер за надворешни работи. Темите на разговор се очекува да бидат спорот за името, билатералните односи меѓу Македонија и Грција, како и европската перспектива на Македонија.
Ова е втора посета на Коѕиас на Македонија, откако беа потпишани мерките за градење доверба меѓу двете земји. Еден ден пред посетета на шефот на грчката дипломатија, односно утре, на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој се очекува да има средба со Иванов.