Мозаиците во Хераклеа оставени на забот на времето

by fokus 21:26
21:26

Негрижата за античкиот локалитет ги доведе мозаиците во Хераклеа во алармантна состојба, предупредува академскиот сликар и експерт по мозаици Газанфер Бајрам.

Со ваква оценка излезе експертот по втората фаза од ендоскопското снимање на мозаичните површини во античкиот локалитет Хераклеја, која се одвиваше во текот на минатиот месец.

На прашањето дали ваквата состојба на мозаиците во Хераклеја е резултат на незнаење или негрижа академикот смета дека проблемот лежи и во двете работи.

Тој потенцира дека најголемиот проблем е појавата на пукнатини во мозаиците, за што од Завод и музеј Битола сметаат дека мора да се решаваат со заедничка помош од Министерството за култура.

Археолозите од Завод и музеј Битола апелираат на зачувувањето на мозаичното богатство во античкиот локалитет крај Битола, потенцирајќи дека тоа е туристичка атракција на градот.

Поврзани новости