И денеска дожд и намалени температури за десеттина степени

by fokus

Од УХМР за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во јужните делови поројни дождови кои ќе бидат проследени со грмежи.

Освен грмежи, ќе дува и засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.

Од УХМР информираат дека се очекува  температурата на воздухот да биде за десеттина степени пониска во споредба со оние од изминатиот викенд, а од четврток ќе има постепен пораст.

Поврзани новости