Николовски: Законот за СЈО нема да помине во Собрание ако Заев не прифати предвремени избори

by fokus

За власта во Собрание да ги добие гласовите на ВМРО ДПМНЕ за Законот за Јавно обвинителство, ќе мора да распише предвремени парламентарни избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Тој додава дека доколку премиерот, Зоран Заев, не прифати предвремени избори, опозициската партија ќе повика на протести.

-Без датум за предвремени избори не можеме ништо друго да поминеме во Собрание без разлика дали експертските групи ќе се согласат или не. Заев има два начини да се усогласи со нас по одност на предвремените избори, со добро да седнеме и да ги договориме, или граѓаните да кажат кога ќе бидат преку масовни протести – рече Николовски во изјава за Канал 5.

Поврзани новости