Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека три политички субјекти имаат ист став за 27 април, односно дека осудените не се терористи.
-Минатата недела кажа јасно дека доколку има елементи може да се повтори судење и дека тие луѓе не се терористи. Тоа беше доволен повод за да поразговараме. СДСМ има различен став од оној кој го има Пендаровски. Три политички субјекти: ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски и ДУИ имаат став дека тие луѓе не се терористи, а СДСМ дека се терористи. И тоа се три политички субјекти наспорти еден. Според сите сознанија, адвокатите имаат нови докази што е доволно поссле добивањето на пресудата да може да побараат од Врховниот суд ново судење. 27 април не може да се гледа црно-бело, вели Николовски.